Трамп: Ќе објавам докази за наводна изборна измама во Џорџија

 

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп соопшти дека во понеделник ќе објави извештај за изборна измама која наводно се случила во сојузната американска држава Џорџија во 2020 година.

„Големиот, сложен, детален и несоборлив извештај за измама на претседателските избори која се случила во Џорџија наскоро ќе биде завршен и ја ќе го претставам на голема конференција за медиумите во понеделник во 11 часот во Њу Џерси“, објави Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.

Тој додаде дека сите обвиненија против него и други лица треба да бидат повлечени.

Големата порота во сојузната држава Џорџија во понеделникот поднесе обвинение против Трамп поради обидот да го поништи поразот од Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година.

Тоа е четврта кривична пријава против Трамп и втора која го обвинува дека се обидел да ги смени резултатите од гласањето во 2020 година.

Обвиненијата се поднесени против поранешниот претседател, но и неговите соработници како поранешниот шеф на неговиот кабинет Марк Медоус, како и поранешните адвокати на Трамп Руди Џулијани, Синди Пауел, Кенет Чесбро, Џеф Кларк и други.

Реагирајќи на поднесувањето уште едно обвинение против него, поранешниот американски претседател кажа дека станува збор за политички мотивирани и наместени обвиненија.

15.08.2023 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега