Трамп: Да бев претседател ќе имаше мир во светот
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во својот говор вчера изјави дека причината за нападот со беспилотно летало во Јордан во кој загинаа тројца американски воени лица, е токму „слабоста и предавањето“ на Џо Бајден.
Во објавата на „Truth Social“ Трамп рече: „Нападот со беспилотно летало врз американска база во Јордан, во кој загинаа тројца американски воени лица и многу други беа повредени, означува ужасен ден за Америка. Моето најдлабоко сочувство до семејствата на храбрите војници што ги загубивме“
„Ги замолувам сите Американци да ми се придружат во молитвата. Овој дрзок напад врз Соединетите Американски Држави е уште една ужасна и трагична последица на слабоста и предавањето на Џо Бајден.“, продолжи тој.
Во изјава која ја даде за време на настап во кампањата за претседателските избори, Трамп рече дека во неговиот мандат успешно го контролирал однесувањето на Иран.
„Пред три години Иран беше слаб, банкротиран и целосно под контрола. Благодарение на мојата политика на максимален притисок, иранскиот режим едвај собра два долари за да ги финансира своите терористички сојузници“, напиша Трамп. „Потоа дојде Џо Бајден и му даде на Иран милијарди долари, кои режимот ги искористи за да шири крвопролевање и масакр низ Блискиот Исток.
„Овој напад никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател, исто како што никогаш немаше да се случи нападот на Хамас поддржан од Иран. Никогаш немаше да се случи ниту војната во Украина и сега ќе имавме светски мир. Наместо тоа, ние сме на работ на Трета светска војна“, напиша Трамп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа