Трамп: Ако ме направите претседател, ќе ја завршам војната во Укриана за 24 часа
Поранешниот американски претседател и можен републикански претседателски кандидат Доналд Трамп им вети на своите гласачи дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа, доколку биде реизбран.
Трамп рече дека рускиот претседател Владимир Путин почнал да распоредува војници на границата со Украина по „катастрофата“ со неговото „исфрлање од Белата куќа“, пренесува „Кликс“.
Тој ја обвини администрацијата на претседателот Џо Бајден дека не се ни обидела да преговара со Путин.
„Не е случајно што „длабоката држава“ уште повеќе ме прогонува откако ветив дека ќе ја завршам војната во Украина“, рече Трамп.
Тој додаде дека би можел да ја заврши војната „многу брзо“ откако ќе биде избран за претседател.
„Ќе имам договор во рок од 24 часа. Стоејќи пред вас денес, јас сум единствениот кандидат кој го даде тоа ветување. Ќе застанам на патот на Третата светска војна кон која одиме“, рече Трамп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа