Трагедија на Крит: Ја оставиле да се одмори во хотелска соба, кога се вратиле ја нашле мртва

 

Девојка од Србија на 32-годишна возраст починала на Крит за време на одморот.

Таа била на одмор со друштво.

Во саботата вечерта ѝ се слошило и им рекла на пријателите дека повеќе би сакала да остане во хотелската соба за да се одмори.

Нејзините пријатели отишле на кафе, а кога се вратиле во собата, ги дочекала трагедија – нивната пријателка била мртва, јавуваат грчките медиуми.

Била повикана брза помош, но било доцна. Трагедијата се случила околу 22 часот во хотел во Херсонисос.

Наредена е обдукција.

18.09.2023 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега