Тошковски: Скопјани кои се фотографирале по редовна постапка може да си го проверат статусот на пасошот електронски

 
Скопјани кои се фотографирале по редовна постапка може да си го проверат статусот на пасошот електронски, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. 
„Денес го ставивме во функција, она што го најавивме претходно, а се однесува на можноста граѓаните на Град Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите “Пролет“ и “МТВ“ да го проверат статусот на нивниот пасош, односно дали истиот е во процес на изработка или е изработен и може да се подигне.
Со оваа функција значително ќе се придонесе кон намалување на гужвите кои се создаваа бидејќи граѓаните беа приморани да чекаат и по неколку часа само за да се информираат дали нивниот пасош е изготвен.
Исто така, во тек е надградување на овој систем со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти“, напиша Тошковски на ФБ.

25.02.2024 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега