Тошковски: Промена на раководството на СВР Штип и ОВР Кочани со цел обезбедување ефикасна и непристрасна истрага

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите изјави дека со цел обезбедување на ефикасна и независна истрага за трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани е донесена одлука за разрешување на раководните лица на локалната полиција во ОВР Кочани и СВР Штип и нивна замена со полициски службеници од Скопје.
„Ваквата одлука не прејудицира никаква вина, туку е чекор кој треба да гарантира процесот да се одвива без никакви притисоци, сомнежи и влијанија. Во моменти како овие, клучно е институциите да работат со највисока транспарентност и професионалност.“, истакна министерот Тошковски.
Министерот Тошковски објасни дека тоа е со цел воспоставување на оперативна поставеност која ќе овозможи целосна непристрасност, со полициски службеници кои немаат никакви лични или професионални релации со средината која беше погодена од страшната трагедија во која животот го загубија 59 луѓе а околу 200 се повредени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа