Тошковски: Бодигардот на Мицкоски ја погази честа и на полицијата и на Македонија

Одреден припадник на МВР сторил насилство со што ја погазил честа на службите во Министерството, па и честа на Македонија, рече министерот Панче Тошковски во однос на инцидентот во кој учествуваше лице од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Во согласност со информациите што ги имам добиено, тоа лице ќе биде суспендирано од работа сѐ до донесување правосилна пресуда, а таа ќе биде донесена во рамките на постапка по наредба на јавен обвинител, а МВР, се надевам, во текот на овој ден ќе поднесе кривична пријава за напад на службено лице. Во однос на МВР таа постапка е експресно завршена како никогаш досега“, одговори министерот.

Тошковски додаде дека веднаш го осудил овој случај, особено што, како што рече, станува збор за насилство од припадник на МВР.

„Во делот на тоа дека предметното лице попречувало одредена акција при нејзино спроведување, тоа е неточно. Предметното лице, кое сторило напад на службено лице, влегло во акција откога акцијата на службените лица во предметниот објект е завршена. Гледам некои инсинуации во јавноста, мора да сме јасни и прецизни. Сторено е насилство, сторен е напад на службено лице“, објасни тој и дополни дека секој што згрешил, ќе одговара пред законот и само така ќе се постапува во иднина.

 

19.02.2024 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега