Тоше денеска ќе го прославеше својот 43 роденден

Тоше Проески денеска ќе го прославеше својот 43 роденден.

Иако за многу фанови на Тоше Проески времето застана во 2007 година, тој сè уште живее преку неговите песни и дела.

Така е и денес. Седумнаесет години подоцна, на неговиот роденден, фановите се сеќаваат на македонскиот славеј.

Црвениот крст од Крушево ќе организира хуманитарна крводаристелска акција која ќе трае до 16 часот во просториите на Спомен куќата.

Во 11 часот и 15 минути, времето на неговото раѓање, присутните, претставници од институции и поддржувачите на Тоше, ќе положат букет свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, на Гумење.

Во 12 часот во Спомен-домот ќе биде отворена хуманитарно-продажната ликовна изложба со наслов „Срце није камен“ на стилистот и уметничка душа Светлана Зуламоска.

За Тоше е направен и документарен филм, кој авторката Катарина Миловановиќ го сними во Крушево во 2023 година.

25.01.2024 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега