Топлотен бран во Македонија: До петок скратени часови во некои училишта

 

До петок во дел од основните и средните училишта наставата ќе се одвива со скратени часови поради топлото време и условите во училиштата непогодни за овие температури. Министерството за образование и наука веќе го испрати до училиштата и општините Протоколот за спроведување на образовниот процес во услови на топлотен бран во земјава. Според упатството часовите треба да започнат најдоцна до 07:30 часот, да траат 20 минути и наставата да заврши најдоцна до 12:30 часот. Училиштето организира продолжен престој доколку може да обезбеди климатизирани училници во кои има услови за подолг престој на учениците.

Покрај потсетувањето на учениците да консумираат што повеќе вода и лесна храна, според упатството неопходно е да се исклучи целата електрична опрема, компјутерите за да се спречи дополнително загревање.

 

04.09.2024 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега