Тинејџерка прегазена во Скопје, со тешки повреди пренесена на Клиника


Вчера во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васко Карангелевски“ и ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, патничко возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.В.(38), удрило во С.К.(19), двете од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

13.09.2024 - 12:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега