Утре не излегувајте без чадор - ќе врне дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

И во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, проследени повремено со грмежи.

Од утре до петок врнежите наместа ќе бидат пообилни и повремено поројни.

Утре температурите преку денот ќе бидат за 3 до 5 степени пониски, а потоа температурата ќе биде во постепен пораст.

17.09.2024 - 23:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега