ТикТок е најпопуларната aпликaција во 2022 година, ја презеле 875,2 милиони корисници

Кинеската апликација TикТок минатата година ја преземале 875,2 милиони корисници преку платформите на Гугл Плеј и Апл Ап Стор, соошшти денеска порталот Статиста.

Податоците на порталот откриваат дека ТикТок беше убедливо најпопуларната мобилна видео апликација во однос на преземањата минатата година.

Апликацијата ЈуТјуб ја презеле 190,8 милиони корисници, а Нетфликс 179,7 милиони корисници.

Четвртото место го зазеде друга кинеска апликација за споделување видео, Киашо (Kuaishou), што ја презеле 177,5 милиони луѓе.

Во првите десет се и Дизни Плус,Амазон Прајм Видео, MX Плеер, Моџ, ЈуТјуб за деца и Хостар.

04.05.2023 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа