Тежок удар за ХАМАС: Вашингтон потврди дека е елиминиран третиот човек на военото крило на организацијата
Израел соопшти дека го елиминирал и третото најважно лице на палестинската терористичка група Хамас.
Вашингтон ја потврди смртта на заменик-шефот на военото крило на „Хамас“ Марван Иса.
Француските медиуми пренесуваат дека израелската армија убила десетици палестински борци и уапсила повеќе од 200 луѓе во голема операција вчера во најголемиот болнички комплекс во Појасот Газа - болницата „Ал Шифа“.
„Елиминиравме повеќе од 20 терористи во болничкиот комплекс и над 20 во областа околу болницата“, изјави портпаролот на израелската армија, контраадмирал Даниел Хагари.
„Десетици убиени и ранети, од кои повеќето цивили, во операцијата на израелската војска во болницата „Ал Шифа“, истакна министерството за здравство во Појасот Газа
Државниот секретар на Америка, Антони Блинкен оваа недела ќе го посети блискиот Исток,неговата посета е во рамки на напорите на Вашингтон да влијае за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа.
Организацијата Хамасна 7 октомври лани го нападна Израел и војната уште трае. Во периодот од 7 октомври досега загинаа над 31.000 Палестинци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа