Тешко повреден скопјанец - со „кавасаки“ удрил во животно
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат Скопје-Хец Козјак, 41-годишниот С.Д. од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во домашно животно.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
16.09.2025 - 15:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа