Тешко повреден мотоциклист во судир со автомобил во Скопје

Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(23) од Скопје и мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.(25) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Д., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

20.06.2024 - 13:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега