Тешко повреден 67-годишен мотоциклист откако со мотоцикл излетал од патот

Вчера во 16.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Новаци – Македонски Брод мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Љ.К.(67) од с.Тепавци, општина Новаци, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил од увидна екипа од СВР Битола.

17.06.2024 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега