Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово-Крива Паланка: Повредени три лица


Вчера во 09.40 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Б.П.(48) и патничко возило „опел зафира“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.М.(59) двајцата од Крива Паланка.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „опел зафира“ С.М.(32) и Д.М.(51), двајцата од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

08.09.2024 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега