Тешка сообраќајка: Штипјанец со автомобил удрил во паркиран трактор и автомобил


Вчера во СВР Штип било пријавено дека во 11.00 часот на ул.„Македонија“ во Злетово, патничко возило „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(69), удрило во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, сопственост на М.П. и во паркиран трактор „имт“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на К.Г., сите од Злетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Т.М., констатирани во Здравствен дом Злетово.

По овластување на јавен обвинител, бил извршен увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

23.05.2024 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега