Тешка сообраќајка кај Велес - 20-годишен моторциклист итно пренесен во болница

20-годишен моторциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера се случила во околината на Велес.

-Вчера околу 16.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Р-1102 во Велес, во близина на црквата „Св. Петка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(39) од Велес и мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(20) од Велес. Во несреќата, мотоциклистот Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. 

 

23.03.2024 - 12:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега