Тешка кражба во стан во Штип, крадецот фатен на дело

 


Вчера во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.К.(31) од Штип.

Тој бил фатен при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од стан во Штип, сопственост на Г.Т.(62) и Ф.К.(56), двете од Штип.

Лицето било задржано во полициска станица, за случајот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

13.03.2024 - 15:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега