Температурен шок пред Нова Година - наместо зима, ќе имаме пролет

Времето утре ќе биде претпладне по котлините и особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Преку денот ќе биде сончево, тивко и релативно топло освен во котлините со подолготрајна магла.

Вo Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево и претежно тивко.

Во среда времето ќе биде сончево со мала облачност и релативно топло. По котлините ќе има појава на подолготрајна утринска магла и пониска дневната температура. Наместа ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло. По котлините ќе има појава на утринска магла и пониска дневната температура.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло. По котлините ќе има појава на магла и пониска дневната температура.

25.12.2023 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега