Телма: 300 тони грав наместо во продажба, завршил скриен во магацин

 

Пазарните инспектори и денеска во конторла на компании каде се проверува дали имаат залихи во магацините.

Од инспекторатот за Телма велат дека за три дена направиле проверки кај над 30 увозници и кај трговци на големо и мало.

Според нив, се констатирало дека во нивните складишта имало залихи на зеленчукови производи кои наместо да бидат ставени во продажба, истите се криеле.

Оттаму за телевизијата посочиле дека кај дел биле пронајдени и 300 тони грав, кој исто така бил сокриен.

Инаку, сите трговци ќе се соочат со парични казни кои се движат од 800 до 10.000 евра.

10.04.2023 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега