Телеком воведува тарифи со неограничен интернет за првпат на пазарот
Македонски Телеком воведува тарифи со неограничен интернеткако одговор насè поголемата потреба од онлајн работа, забава и комуникација.
„Следејќи ги трендовите, навиките и потребите на корисниците во новото дигитално време, воведуваме тарифи со неограничен интернет.Наша стратешка определба е да ги поврземе корисниците секогаш и секадеи да им овозможиме непречена комуникација.Токму затоа, за прв пат на пазарот,ги претставуваме овие тарифи со неограничен интернет,кој може да се користи засекогаш “. – изјави Бранко Станчев, Главен комерцијален директор за приватни корисници.
Во Македонија,повеќе од 100 000 семејства користатMagenta 1, најдобриот пакет на интегрирани услуги, којшто постојано се надоградува и се прилагодува според очекувањата и потребите на корисниците. Со новата Magenta 1 Unlimited,оваа понуда добива дополнителна вредност и се очекува да биде најкористениот пакет на пазарот.
Нова и збогатена понуда со неограничен интернет добиваат и деловните корисници во Magenta 1 Business L.
Новогодишна промоција – неограниченмобилен интернет
Овие празници, најголем подарок е што сме повторно заедно. А запоголемо уживање и споделување на празничните моменти со најблиските, сите нови и постојни корисници наMagenta 1 M и MobileMќе можат да активираат неограничeнмобилен интернетза само 1 денар преку апликацијата TelekomMK и да го користат до 31 јануари 2022.
Дополнително, корисниците на новите тарифи Magenta 1 Unlimited и Mobile Unlimited можат да искористати празничен бонус од 22 000 денари за нов смартфон или телевизор по одлична цена со Договор за Фамилијарен буџет.
Со празничната понуда,деловните корисници во Magenta 1 Businessдобиваат: неограничен интернет, цени намалени за 20% и атрактивен зголемен буџет.
Повеќе информациина www.telekom.mk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа