Тејлор Свифт го помина Божиќ на натпревар
Тејлор Свифт го помина Божиќ на натпревар. Имено, клубот на нејзиното момче Тревис Келче играше против Лас Вегас Рајдерс, а пејачката не пропушти можност да навива за него во божиќно издание.
Таа на стадионот пристигна во друштво на Дедо Мраз, а на главата носеше божиќна капа со извезениот број 87, бројот што Келче го носи на својот дрес. Со неа биле нејзините родители.
Секако, таа и овој пат беше главната атракција на натпреварот, па се појавија многу навивачи со табли на кои пишуваше: „Тука сум за Тејлор Свифт!“ Но, овој пат таа не му донесе среќа на тимот на нејзиното момче, а Канзас Сити Чифс загуби со 14-20 од Рајдерс.
„Тејлор е вљубена до петици. Одамна не била со некој што е толку возбуден и горд што е со неа. Навикната е да се крие кога е во врска. Таа е воодушевена што не мора да биде со него и да се крие“, открија неодамна извори блиски на пејачката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа