Таткото на Вања: Сам ќе одлучам дали ќе останам со помладата ќерка или ќе и се придружам на Вања


Во Врховниот суд на денешната јавна седница за жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, низ солзи му кажа на судот дека не му е важно каде ќе ја дочека разрешницата на случајот.

Ѓорчевски кажа дека е на два света, а дека сам ќе одлучи дали ќе остане со помладата ќерка или ќе и се придружи на Вања, на постарата ќерка.

„Јас сум на два света во моментов. Едното дете се наоѓа тука, другото ми го земаа. Не ми е битно каде ќе ја дочекам оваа разрешница. Кога ќе се донесе одлуката ќе донесам лична одлука дали ќе се и придружам на постарата ќерка“, рече Ѓорчевски.

Неговиот адвокат Владимир Туфегчиќ во образложението зошто бара укинување на притворот за Ѓорчевски рече дека одлката на Апелацискиот суд Скопје е во спротивност со Европската конвенција за човекови права.

„Скоро 4 месеци трае притворот, а нам не ни е дадена барем една индиција дека Обвинителството има основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично дело“, рече адвокатот.

13.03.2024 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега