Тасевски: Критиките од Ковачесвки за непотизам во М-НАВ се со цел да се направи де фокус од реалните проблеми

Александар Тасевски ја коментираше изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека М-НАВ е семејна фирма каде што се вработуваат фамилии до како што вели до трето колено посочувајќи ги вработувањата на неговиот брат и татко каде во вечерашното гостување на Топ Тема Тасевски вели целта му било јасно дека тој ќе биде сега на тапет.

Ова што се случува во М-НАВ очигледно не им одговара на многу луѓе. Со цел да се направи де фокус од реалните проблеми. Не срамам дека татко ми работеше во М-НАВ, јас сум примен со полагање на сите потребни испити, со сите потребни обуки, 29 години работам таму, во сите тие години сме под постојан надзор и испитување и усовршување и тоа не се како што вели премиерот тестови кои ги дава некој од кај нас. Како што беше случајот пред две години со студентите контроли кои што ги бираше данската контрола на летање, ние кога полагаме одите пред „Јуроконтрол“, полагаме пред странски инструктори, пред странски експерти, тука нема простор дали некој го сакал едниот или не го сакал другиот. Секој што ќе може да одговори на побарувањата на потребите, да ги положи сите испити, секој е добредојден, без оглед дали е нечиј или ничиј, вели Тасевски.

Во однос на најавите дека Трудова инспекција ќе правела контроли во М-НАВ, Тасевски вели не им е првпат такво нешто.

„Јас сум од 2006 г. претседател на синдикат и кога и да дојдеме до некоја замерка со директорите кои се поставени по партиски клуч на тие позиции, ние сме им трн во око на одредени партиски гарнитури кои во тој момент се во тој момент на власт“, објаснува Тасевски.

10.01.2024 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега