Таравари: Дојде време државата да има претседател Албанец, не технички, туку вистински

Претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари официјално ќе истрча во трката за шеф над државата како кандидат на Европскиот сојуз за промени. Во Гостивар на прес-конференција каде ја најави својата кандидатура рече дека дојде времето Македонија да има претседател Албанец, но не технички туку вистински.

Вели дека со почит го очекува гласот од секој граѓанин.

-Пред сѐ барам поддршка од народот, рече Таравари.

Одлуката ја донел синоќа. Смета дека ќе добие поголема поддршка.

Кандидатурата ќе ја пријават со потписи од граѓани. Градоначалникот на Гостивар очекува за ден-два да бидат собрани потребните 10.000 потписи за неговата кандидатура. На функцијата градоначалник ќе остане до неговата официјална кандидатура кога, според Закон, ќе мора да се повлече.

15.02.2024 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега