Таравари: Ако со локалните имаме парламентарни - Ахмети во 2026 ќе бара нови избори
Коалицијата ВРЕДИ е против одржување на парламентарни избори заедно со локалните. Министерот за здравство, Арбен Таравари одговарајќи на новинарско прашање вели дека доколку заедно со локалните се одржат и парламентарни избори тоа нема да промени ништо бидејќи првиот човек на ДУИ, ќе бара нови избори во 2026 година.
-За избори дали треба да се одржат идната година? – Идната година секако дека ќе има избори, меѓутоа тоа ќе бидат локални избори. Ако имаме поширок консензус и се заинтересирани за парламентарни тука сме и за тоа да зборуваме. Меѓутоа, пред 5-6 месеци завршија изборите, така што јас би му препорачал на г. Ахмети повеќе да се фокусира на реформи во партијата и во адаптација во опозиција отколку веднаш да бара избори оти ако се одржат повторно идната година после повторно 2026 година пак ќе бара избори, така што ајде прво ние како Влада да ги реализираме проектите, тоа што е ветено. Дел од нив веќе се реализираат, а тој нека се адаптира и нека се реформира, рече Таравари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа