Тарантино: Повеќе нема вистински филмски ѕвезди во Холивуд

 

Квентин Тарантино тврди дека во Холивуд „нема повеќе вистински филмски ѕвезди“.

Додека ја промовира својата нова книга „Киношпекулации“ во поткастот на комичарот Том Сегура, режисерот добитник на „Оскар“ се насочи кон филмскиот универзум на „Марвел“ сугерирајќи дека ликовите на суперхероите станале попознати од актерите што ги играат.

„Дел од чудото на Холивуд, ги имате сите овие актери што се прославија играјќи ги овие ликови (суперхерои). Но, тие не се филмски ѕвезди. Нели?“, рече Тарантино и продолжи:

„Капетан Америка е ѕвезда. Или Тор е ѕвезда. Мислам, не сум првиот што го кажува тоа. Мислам дека е кажано милион пати, знаете, но како што знаете, овие ликови од франшизата стануваат ѕвезди“, рече режисерот.

Тарантино во неколку наврати во последните години зборуваше против филмовите на „Марвел“. Минатиот месец тој објасни зошто никогаш нема да режира филмови на „Марвел“.

„Треба да си платеник за да ги правиш тие работи. Јас не сум платеник. Не барам работа“, изјави тогаш за „Лос Анџелес тајмс“.

Режисерот еднаш изјавил дека модерната филмска ера е „најлошата во историјата на Холивуд“ и дека размислува да се пензионира, пренесува NME.

22.11.2022 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега