Тајсон ќе заработи богатство за мечот против инфлуенсерот Пол
Мајк Тајсон, легендарниот боксер, ќе се врати во рингот во јули оваа година за да се бори со познатиот јутјубер Џејк Пол.
Поранешниот светски првак повторно ќе влезе во рингот на 57 години, дури по четири години пауза од последната егзибиција и има добра мотивација за тоа.
Таа најдобро се опишува со 20-те милиони долари што ќе ги заработи, изјави неговиот пријател.
Пол е еден од најпознатите инфлуенсери на планетата, а почна да се бори пред четири години. Досега имадесет професионални натпревари и девет победи (шест со нокаут).
Неговиот единствен пораз беше против Томи Фјури, братот на попознатиот Тајсон, боксерскиот шампион.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа