Таа има 68, а нејзиниот вереник 28: Дали љубовта е вистинска?

Кога жена во седмата деценија ќе признае дека праќа пари на маж кој никогаш не го запознала, а тој е дури 40 години помлад од неа, тоа секако ќе предизвика реакции. Но, една жена од Велика Британија е задоволна. Имено, 68-годишната Пат открила дека на интернет го запознала медицинскиoт брат Сем, кој има само 28 години.

Таа тврди дека се сакаат, иако тој всушност живее на другата страна на светот во Пакистан и комуницираат само преку видео повици и пораки, пишува „The Sun“.

Пензионираната медицинска сестра, која се опишува себеси како „млада во срцето“ и „слободоумна“, рече дека нејзиното момче е „многу секси“.

Сем вели дека сонува да се пресели во Обединетото Кралство и таму да работи во здравствениот сектор, но таа го обожава и му купува подароци.

„За да му олеснам да оди на работа, му купив мотор“, рече таа.

Пат исто така додава дека има традиционални вредности и кога Сем ќе пристигне во ОК, парот ќе има одвоени кревети бидејќи не веруваат во предбрачен секс.

Сем неодамна ја запросил, па таа се надева дека нема да мора долго да чека на венчавката.

– Нашата физичка привлечност е доста силна, многу сме привлечени еден кон друг – вели таа.

Нејзината пријателка Ана е загрижена дека Сем можеби е измамник.

– Разликата во годините ми е малку чудна, но се надевам дека е искрен – рекла Ана.

Пет вели дека е многу среќна во врската со Сем, и не му претставувало проблем кога му кажала дека не може да му раѓа деца, поради нејзината возраст.

Нејзе не и е грижа што велат луѓето. Семејството на Сем прифатило дека тој има ваква врска, иако некои не се сигурни во нејзиниот успех.

Неговиот брат му рекол дека го загрижува разликата во годините, пишува The Sun.

27.06.2024 - 11:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега