СВР Велес: Дојавата за бомба во училиште во Кавадарци е лажна

 

Дојавата за бомба во училиште во Кавадарци е лажна, информираат од СВР Велес во соопштение до медиумите.

„Направени се сите потребни проверки во врска со денешната пријава од училиште во Кавадарци, дека на електронската адреса на училиштето, била испратена закана за поставена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и по извршени проверки, утврдено е дека станува збор за лажна пријава“, велат од СВР Велес.

12.12.2022 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега