Свлечиште покоси сѐ по поплавите: Најмалку пет лица загинаа во Индија, спасувачите бараат преживеани под урнатините
Најмалку пет лица загинаа, а 100-ина се затрупани кога во лизгање на земјиштето во планинско село во западната индиска држава Махараштра по обилните монсунски дождови, соопштија денеска државните власти.
Спасувачите се обидуваат да најдат преживеани под урнатините, објави „Ројтерс“. Свлечиштето се активирало среде ноќ во селото Иршалвади, на 60-ина километри од Мумбај, објавија медиумите повикувајќи се на официјални претставници.
Надлежните изјавија дека во селото има вкупно 48 семејства, а околу 75 лица се евакуирани. Поради обилните монсунски дождови, училиштата се затворени, патиштата се поплавени, а железничкиот сообраќај е во прекин во Махараштра, најбогатата држава во Индија.
Училиштата и факултетите во Мумбај денеска се затворени.
Во неколку области во Махараштра во средата паднаа повеќе од 100 милиметри дожд на квадратен метар, а во следните 24 часа се очекуваат обилни врнежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа