Сурфер брутално го нападнала ајкула во Флорида гризејќи му ја ногата

 

 

Брендон Бонкор, 22-годишен сурфер, бил каснат од голема бела ајкула на популарна плажа во Флорида.

Како што вели, не ова не било првпат да се сретне со тој морски предатор, но секогаш успевал да му побегне.

„Тоа е нешто нормално тука, бидејќи оваа плажа е позната како „главниот град на светот за напад на ајкула“, ја започна својата приказна Брендон.

Тој вели дека додека веслал кон брегот – ајкула го каснала за стапалото.

„Таа ме гризна за стапалото, а јас ја клоцав со десната нога. „Веднаш погледнав во ногата и си помислив: „О, фала богу, палецот е таму“, вели Брендон.

Иако успеал да побегне, морал да оди на операција, бидејќи ајкулата направила огромна рана.

Кога станува збор за болката од каснување од ајкула, Брендон вели дека очекувал тоа да биде поболно искуство.

 

03.08.2023 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега