Суперкомпјутер пресмета кој ќе ја освои Премиер лигата, резултатите изненадија многумина
Нема сомнеж дека Премиер лигата е најинтересната лига во светот. Оваа сезона има дополнителен шарм бидејќи три екипи се борат за шампионската титула.
На девет натпревари пред крајот во игра се Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити, а ги делат само три бода.
Во неделата Манчестер Сити и Арсенал одиграа нерешено без голови, па сега Ливерпул има 67 бода, Арсенал 65, а Манчестер Сити 64.
Супер интересниот крај ги принуди Англичаните да го повикаат на помош суперкомпјутерот OptaStats, компанија специјализирана за проекции и статистичка обработка на најсилните европски лиги.
По вчерашните натпревари, OptaStats 10.000 пати симулираше крај на Премиер лигата и за првпат оваа сезона фаворит за титулата не е Манчестер Сити.
Титулата Ливерпул ја освои во дури 47,7 отсто од случаите, што е за 12,4 отсто повеќе од пред 30. коло. Манчестер Сити ја освоил титулата 33,5 отсто од времето, што е помалку од 12,4 отсто, додека Арсенал се уште има 18,8 отсто шанси да ја освои титулата.
Сити освои пет од последните шест титули, а во 2020 година шампион беше Ливерпул, за кого тоа беше прва титула по 30 години. Арсенал последен пат беше шампион пред 20 години, во 2004 година, кога ја освои титулата без ниту еден пораз.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа