Судот донесе одлука: Британците можат да депортираат мигранти

 

Високиот суд во Лондон пресуди дека е во согласност со законот британскиот план за депортирање во Руанда на мигрантите кои илегално дошле во Велика Британија.

Судијата Клајв Луис, кој ја објави одлуката на судот, рече дека е легално Велика Британија да се договори со владата на Руанда за испраќање барателите на азил во таа земја за да се утврдат нивните барања таму, објави Ројтерс.

Како што изјави судијата, во овие околности, преселувањето на барателите на азил во Руанда е во согласност со Конвенцијата за бегалци и статутарните и другите законски обврски на владата, вклучувајќи ја и обврската наметната со Законот за човекови права од 1998 година.

Британскиот план, кој беше објавен во април, значеше дека Британија ќе депортира десетици илјади мигранти кои пристигнуваат на нејзините брегови во Руанда, оддалечена 6.400 километри, потсетува Ројтерс.

19.12.2022 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега