Студот ни пристигна: На ова место било најстудено, температури до -7 степени

 

Утрово најстудено со измерени -7 степени Целзиусови е на Попова Шапка, додека со 8 степени најтопло е во Гевгелија.

УХМР информира дека измерени се -2 степени во Лазарополе и Крушево, 1 во Берово, 2 степени во Крива Паланка, Претор и Прилеп, 3 степени во Охрид, Тетово, Дебар, Штип и Куманово, 4 Битола, Велес, Кавадарци и Виница, 5 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија и 6 степени во Дојран. 

За изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2) наврнат воден талог како што информираа од УХМР е 37 Охрид, 30 Лазарополе, 27 Демир Капија, 25 Кавадарци, 24 Маврови Анови, Прилеп, 23 Дебар, 22 Крушево, 21 Попова Шапка, Пожар, 20 Струмица, Битола, Берово, 18 Претор, 17 Виница, 16 Тетово, 15 Штип, 14 Велес, Куманово, 13 Скопје-Петровец, 12 Ѓуриште, 11 Скопје-Зајчев Рид, 9 Крива Паланка, 5 Дојран.

Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Утрово е променливо облачно со умерен до засилен северен ветер.

18.11.2023 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега