Студентски отпор: Факултетите се распаѓаат - пари за функционерите има, за студентите нема

 

Пари за функционерите има, за студентите нема. Вака реагираат од студентски отпор во врска со покачувањето на платите на фунцкионерите за неверојатни 78%, а од друга страна на студентите подолго време не им се исплаќа навремено субвенционираниот студентски оброк и стипендиите.

„Во ситуација каде што МОН и владата континуирано тврдат дека „од наредниот месец“ ќе се исплаќа навремено субвенциониран студентски оброк и стипендии, кога студентите од минатата академска не се обештетени поради „правни процедури„ - многу брзо се сложија дека покачување на нивната плата за 78% треба да има.

Оваа е последна во долга континуирана низа на постапки каде што надлежните институции со дела покажуваат дека за студентите, средношколците, младите воопшто не им се приоритет. Особено во споредба со полнење на сопствените џебови.

Студентите ќе слушаат предавања во со децении стари, не реновирани објекти, ќе плаќаат илијадници денари во скриени трошоци секој семестар, ќе бидат жртви на легална корупција од страна на партиски обоени професори, но затоа за децата на Јетон Шаќири со новото покачување, ќе имаат доволно средства за уште едно ламборџини“, стои во жестоката реакција на Студентскиот отпор, испратена до медиумите.

Стипендиите повторно доцнат, МОН повторно нема слух, факултетите се распаѓаат, кадар недостасува, имаме неверојатен одлив на мозоци - но најважното од се јавните функционери си ја покачија платата за 78%, додаваат оттаму.

10.04.2023 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега