Стрелецот да не очекува бајки преку ноќ, Близнаците уморни од чекање

 

ОВЕН

Донесувате крај на многу заостанати работи кои ве мачат веќе некое време. Конечно на повидок е епилогот од нешто на што долго работевте. По долго чекање, чувството на мала победа ве радува, па имате право да си дозволите кратка пауза.

БИК

Ова е ваш ден. Коцките се редат една по друга, работите сами се решаваат. Пријатно сте изненадени бидејќи не очекувавте таков подарок од небото. Дневниот хороскоп ве предупредува – Не се занесувајте од моменталниот резултат, бидејќи тој не дојде со вашите напори, туку го реши факторот среќа.

БЛИЗНАЦИ

Уморни сте од чекање и чепкање наоколу. Мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги разрешите сите замрсеци и сомнежи кои ве мачат извесно време. Близнаци, не бидете избрзани, бидејќи грешките што ги правите денес може да бидат непоправливи.

РАК

Малку сте уморни од интензивното дружење со кое ве оптоварува партнерот во последно време. После одлични настани, искуства и забава, потребен ви е заслужен одмор. Не двоумете се, ве советува хороскопот, кажете му на вашата сакана.

ЛАВ

Полни сте со енергија што не знаете како да ја искористите. Поради некоја причина не можете да ја користите и искористите вашата интуиција. Ќе ви биде полесно доколку вашата интимност ја доверите на вашиот најдобар пријател, тоа е личноста која најдобро ќе ве разбере денес.

ДЕВИЦА

Верувате во себе и на пат сте да остварите големи планови. Знаете дека сите успеси доаѓаат само кога е вистинското време. Девица, денот носи голем број на поволни можности, затоа бидете подготвени да ги пречекате. Ако планирате патување, размислете за можноста за одложувања.

ВАГА

Вашето присуство е пожелно на секоја забава. Од вас зависи дали сакате да ја искористите вечерта и да ја сретнете личноста која сака да ви се доближи. За да ја комплетирате атмосферата, совладајте ја својата духовитост за да не оставите впечаток на несериозна личност.

ШКОРПИЈА

Време е да преземете иницијатива и да започнете нови активности на работа. Зрачите со позитивност, па би било добро вашите идеи да им ги презентирате на колегите. Некоја сакана личност поради некоја причина не ви е достапна, можеби ова е идеален начин да ги освежите вашите врски.

СТРЕЛЕЦ

Добри вести доаѓаат од странство. На некои луѓе им се интересни вашите идеи. Не очекувајте бајки кои се случуваат преку ноќ. Хороскопот ви предлага – Пристапете на се рационално и трпеливо правете потези. Ако успеете, резултатот нема да пропадне.

ЈАРЕЦ

 

Поради изразените промени во расположението, вие сте почувствителни, што може да доведе до големо искушение разнишаната љубовна врска. Во срцето сè уште чувате силни спомени од далечното минато, па сеќавањето на неуспешната голема љубов ја вознемирува вашата нова.

ВОДОЛИЈА

Вие сте тромави и поспани. Ова не мора да ве загрижува, бидејќи не се работи за некоја болест, туку за минлива малаксаност која е резултат на претходното динамично темпо што ве стигна. Водолии, најдете време да го посветите денот на себе и на вашите лични потреби.

РИБИ

Напнатоста започнува наутро. Ви се чини дека сите подлегнале на атмосфера која според вас е сосема нездрава. Интензивно смислувате начини да се ослободите од се и да поминете одредено време изолирани од сите случувања. Слушајте го хороскопот Риби, не бегајте од обврските.

14.03.2023 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега