Столтенберг: Ќе разговараме за зголемување на производството на оружје и муниција

 

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и индустриските партнери денеска и утре ќе разговараат како дополнително да се зголеми производството на оружје и муниција, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Тој пред новинарите во Брисел изјави дека стандард за земјите од НАТО е да трошат два отсто од БДП за одбрана и дека тоа е минимум за, како што наведе, инвестирање во заедничка безбедност.

Поддршката на НАТО за Украина значително влијае на ситуацијата на бојното поле, истакна Столтенберг.

Министрите за одбрана на НАТО денеска ќе започнат дводневен состанок во седиштето на Алијансата во Брисел, а една од главните теми се очекува да биде ситуацијата во Украина.

Денеска се очекува да се сретнат претставници на членките на Контакт групата за одбрана на Украина, која ја сочинуваат повеќе од 50 земји, а на почетокот на таа средба ќе зборува и американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

15.06.2023 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега