Стојчевски: Мицкоски ги излажа младите

 


Претседателот на СДММ Трајче Стојчевски, во емисијата „Дејли Клик“ рече дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги излажаа младите, едно им се ветуваше пред изборите а сега се прави друго, младите се целосно запоставени од актуелната власт.

-Младите се разочаруваат во политичарите од власта поради неконзистентните политики и поради тоа што не прават ништо за младите. Пред изборите ветуваа едно, за седум месеци погазија сé. Не гледаме ниту една младинска политика, а европската перспектива е уништена, рече Стојчевски.

Пред изборите велеа „никогаш Северна“, „не за Бугари“, велеа дека Преспанскиот договор е предавство, па да каже Мицкоски дека е ремек дело. Дали во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски има двојник, еден негира сé, а еден прифаќа сé од претходната влада и го продолжува. Треба од ВМРО-ДПМНЕ да кажат кој им е планот за интеграција во ЕУ, бидејќи тоа е најголемо барање на младите, за да останат во овде државата, порача Стојчевски.

Претседателот на СДММ на ТВ21 истакна дека заедно со новоизбраното раководство може да се направи многу за младите да останат во државата.

Гласот на младите внатре во партијата се слуша, во сите органи на СДСМ има 30% застапени млади луѓе, рече Стојчевски, и потсети дека во 2021 година СДММ се избори да има 111 млади советници по општините и Град Скопје, кои навистина добро си ја вршат работата.

Моја задача и на СДММ во иднина ќе биде да имаме и млади пратеници и на сите останати позиции да можат младите да го заземат својот простор за да се докажат во сферата на политиката, нагласи Стојчевски, додавајќи дека комуникацијата со младите во СДММ е двонасочна, и во периодот кога СДСМ беше на власт и сега во опозиција заеднички со младите се разговара за она што е нивна потреба, бидејќи само заеднички со сите млади можеме да се донесе политика, која е исправна.

Стојчевски направи паралела меѓу 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога студентите беа тепани и потоа во време на СДСМ кога се обезбеди студентски оброк, реконструкција на студентски домови, унапредување на студентски стандард, младинска гаранција, покачување на стипендии, директна помош спрема младите.

18.11.2024 - 12:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега