Стојаноски нов директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство

 

Со одлука на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство доби нов директор. По оставката на Томислав Тунтев на оваа позиција е назначен Драги Стојаноски.

Според биографијата Стојаноски има долгогодишно работно искуство во овој сектор. Тој дипломирал на Технолошкиот факултет во Скопје, а прв контакт со воздухопловство го имал на 18 години кога започнал обука за пилот на параглајдер, а потоа се стекнал со дозволи за пилот на едрилица, дозвола за пилот на Ултралесни авиони со стекнати овластувања за инструктор и испитувач на Ултралесни авиони, како и професионална дозвола за пилот на авиони со овластувања за летања во интрументални услови на повеќемоторни авиони.

Стојаноски во 2007 до 2010 година е воздухопловен инспектор во одделението за летачки операции во Агенцијата за Цивилно воздухопловство. од 2010 до 2019 година покрај раководните позиции во АЦВ, ја извршува и функцијата Претседател на Управниот одбор на АЦВ, а во 2011 година е назначен за Национален координатор за стандардизација и соработка со EASA.

Во период од 2011 до 2015 година е раководител на секторот за воздухопловна сигурност, а веднаш потоа во август 2015тата година е унапреден во раководител на секторот за безбедност на летачки операции и воздухопловна навигација. Во период од 2019тата година до 30 мај ја врши функцијата раководител на секторот за воздушен сообраќај. А од 30 мај годинава е назначен за вршител на должност на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Стојаноски покрај многуте завршени обуки во реномирани светски овластени центри од областа на воздухопловството во 2021 година се стекнал и со Диплома за управување со цивилното воздухопловство во еден од најпрестижните светски академии од областа на цивилното воздухопловство – Сингапурска авијација.

04.07.2024 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега