Стојаноска: Потребно е национално обединување, државата да си ја вратиме во рацете на народот


На вчерашниот масовен митинг во Охрид, претседателот Христијан Мицкоски меѓу останатото повика и на национално обединување како решение, државата да си ја вратиме во рацете на народот бидејќи во моментов е во рацете на мафијата, истакна Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 6.

„Како одличен пример за обединување е токму спортот, бидејќи успесите во спортот без разлика дали се работи за индивидуален или колективен секоја нација ја прават горда и никоја нација не ја поделуваат.

Токму денес во Гостивар е дојден претседателот на комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ Борко Ристовски кој има нешто да ви каже“, посочи Стојаноска.

19.04.2024 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега