Стојаноска: Поголемо интегрирање на жената во општеството без разлика на националната, верската и етничката припадност

Носителката на листа на изборната единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ од средбата со жените од движењето за национално единство на Турците во Гостивар порача дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш се грижи за жената без разлика на етничката, националната и верската припадност и дека се обврзува за нејзино поголемо интегрирање во општеството.

-Денес имаме средба жените на ВМРО ДПМНЕ и на движењето за национално единство на Турците. Сите ние жените без разлика дали се викаме Дафина, Махмуде, Анета, Зејнеп или Гордана. Без разлика кој јазик го зборуваме каде и на кого се молиме, сите ние најдобро знаеме да ја почувствуваме грижата за семејството, истакна Стојаноска.

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ како традиционална партија која се грижи за традиционалните вредности се обврзува за грижа на семејството како единка и дополни дека таа како носител на листата 6 на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ посебно се обврзува да секое семејство добие повеќе.

-Затоа како носителка на листата во изборната единица 6 од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ се обврзувам дека ќе се грижам македонските семејства да добијат повеќе. А кога жена- мајка на нешто се обврзува тоа и ќе се исполни, потенцираше Стојаноска.

На крај таа ги повика граѓаните на 15 Јули да излезат и да гласат за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ односно да го заокружат бројот 14 за подобра иднина на сите граѓани и семејства.

-Затоа сите ние денес се обврзуваме дека на 15 Јули ќе го заокружиме бројот 14 за посреќни семејства во Македонија, за посреќни мајки и за посреќни деца, рече Стојаноска.

Стојаноска: Поголемо интегрирање на жената во општеството без разлика на националната , верската и етничката припадност

Posted by Press24.mk on Tuesday, 30 June 2020

30.06.2020 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега