Стоилковски: Спасовски државата ја претвори во мафијашки полигон, а за тоа одговорност мора да има

 

СДС не знае каде тера, МВР со Оливер Спасовски наместо борба со криминалот, МВР го претвори во испостава на мафиите, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски за денешните убиства и грабежи кои што се случуваат во Македонија.

Стоилковски додаде дека Спасовски државата ја претвори во мафијашки полигон, а за тоа одговорност мора да има.

„Само во последните 12 часа, се случува убиство во скопски Капиштец, тежок грабеж во скопски Аеродром, и двата настани се во близина на центарот на Скопје, а според информации, обезглавено тело е најдено во близина на Скопје, на патот кон ГП Блаце. Македонија, почитувани, ја претворија во мафијашки полигон, а сето тоа е резултат на состојбите за коишто подолго време укажуваме, Оливер Спасовски мора да си поднесе оставка! Одговорност мора да има“, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски.

 
31.03.2023 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа