Стефковски за скандалот во Зоолошката градина: Нашето Скопје и скопјани не го заслужуваат ова!
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук се осврна на скандалот со , како и состојбата во Јавните претпријатија на градот Скопје.
Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:
Нашето Скопје и скопјани не го заслужуваат ова!
Утрово сите нас не дочека веста дека угинала една од слониците во Зоолошката градина што не е прв скандал во функционирањето на институцијата во последниот период.
Жално и крајно неодговорно е однесувањето на менаџментот на Зоолошката градина, а секако и на градоначалничката Арсовска да се сокрие од јавноста еден ваков случај.
И ова не е единствениот скандал кој последните денови го има во нашето Скопје. Уште пострашна е состојбата во ЈСП Скопје каде што гледаме во континуитет како автобуси се палат, остануваат дефект, а граѓаните ни колабираат од топлото време бидејќи не работат уредите за климатизирање на автобусите.
Ништо поразлично не е и во ЈП Комунална хигиена. Претпријатието има во функција мал број на возила за подигање на комуналниот смет и како резултат на тоа улиците во градот се полни со ѓубре по неколку недели.
Едноставно во градот Скопје функционира единствено промената на директорите на јавните претпријатија.
Ниту Скопје, ниту скопјани не го заслужуваат ова!
На Скопје час поскоро му е потребна функционална градска администрација и функционални Јавни претпријатија кои ќе бидат сервис на скопјани. - напиша Стефковски.
07.08.2024 - 12:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа