Стандард и Пурс: Зголемените трошоци за одбрана може да ги загрози европските кредитни рејтинзи

 

Зголемувањето на воената потрошувачка може да ги загрози кредитните рејтинзи на европските членки на НАТО, предупреди агенцијата Стандард и Пурс (С&П), посочувајќи дека еден од можните начини за решавање на овој проблем би било издавање заеднички долг.

Европските земји речиси двојно ја зголемија одбранбената потрошувачка од руската анексија на Крим во 2014 година, но сè уште во просек трошат помалку од два процента од БДП за одбрана, што е под препорачаното ниво на НАТО.

Според С&П, речиси две третини од буџетот на НАТО го финансираат САД.

Во 2025 година, европската одбранбена потрошувачка ќе достигне 1,9 проценти од БДП, додека американската ќе изнесува 3,3 проценти.

Доколку европските земји ја зголемат потрошувачката на моменталниот просек на НАТО од 2,67 проценти од БДП, тоа би значело дополнителни 242 милијарди долари годишно за одбрана во ЕУ.

Ако се зголеми на 3,3 проценти од БДП, што е американското ниво, или дури на 5 проценти, како што бараат американските власти, вклучително и претседателот Доналд Трамп, тогаш европските издатоци за одбрана би пораснале за дури 875 милијарди долари годишно.

Таквиот раст би наложил кратење на други буџетски ставки, а алтернативата би била намалување на кредитните рејтинзи, предупредуваат од С&П Глобал.

За Хрватска, првото сценарио би значело буџетски дефицит од 3,3 проценти од БДП оваа година. Во второто сценарио, дефицитот би се зголемил на 3,9 проценти, додека третото сценарио би довело до раст на дефицитот на 5,6 проценти од БДП.

За Германија и Франција, издвојувањето 5 проценти од БДП за одбрана би значело дефицит од 4,6, односно 8,9 проценти.

Романија веќе се соочува со закана за намалување на својот кредитен рејтинг на ниво на шпекулативно вложување, а ако нејзината воена потрошувачка достигне 5 проценти од БДП, дефицитот би скокнал на 9,5 проценти.

Според С&П, речиси сите европски земји би морале да ги променат приоритетите во трошењето, а повеќето од нив веќе се соочуваат со економско забавување и зголемени социјални трошоци поради стареењето на населението.

„Политичките последици од намалувањето на социјалната потрошувачка за зголемување на одбранбените буџети веројатно би биле значителни“, предупредува агенцијата.

Како едно од можните решенија, С&Ппредлага издавање на заеднички долг, што би можело да се реализира преку Европскиот механизам за стабилност, Европската инвестициска банка и ЕУ

14.02.2025 - 19:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега