Средба Лога-Ивановска-Николовска: Мора да ја намалиме корупцијата во земјава

 

Министерот за правда оствари средба со претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и заменик претседателката Катица Николовска.

„На состанокот се разговараше за соработката меѓу Министерството за правда и Државната комисија за спречување на корупцијата како и активностите кои се преземаат во делот на реализација на мерките и активностите во борбата против корупцијата како и за потребата од зајакнување на механизмите за спречување и намалување на корупцијата.Констатирана беше неопходноста од воведување на законски и контролни механизми за надзор и утврдување на одговорност кај релевантните чинители особено во рамки на правосудството“, информираат од МП испратено до медиумите.

„На состанокот беа разменети ставови и по однос на зајакнување на улогата и проширување на надлежностите на ДКСК и  потребите за зајакнување на финансиската независност и состојбата со човечките ресурси на комисијата.

Министерот Лога  потенцираше дека во претстојниот период ќе се разгледаат можностите за воведување на законски обврски за доставување на анкетни листови  на повеќе категории кои не се опфатени со постоечката законска легислатива“, додаваат оттаму. 

 

03.04.2023 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа