Средба Гаши - Форслунд: Шведска ја потврди поддршката за европскиот пат на Северна Македонија

 


Во рамки на Третиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа во Рига, претседателот на Собранието Африм Гаши, оствари билатерална средба со потпретседателот на Шведскиот парламент, Кенет Форслунд.

Како што соопшти Собранието, Гаши се заблагодарил за поддршката на нашата стратешка цел - полноправно членство во Европската Унија и во тој контекст

изразил благодарност до Кралството Шведска за континуираната поддршка за демократскиот и економскиот развој на нашата држава преку бројни развојни проекти во повеќе сфери.

Потпретседателот Форслунд го поздрави формирањето Група за соработка како пандан на Групата на Шведскиот парламент, особено продолжение на соработката за демократски развој меѓу двата Парламента и искажа уверување дека двете Групи за соработка ќе бидат добра основа за дополнително интензивирање на парламентарната размена соработка на сите нивоа.

Соговорниците се осврнале и на новиот Деловник на Собранието и се согласиле дека Парламентот е столб на демократското општество и клучен актер во процесот на пристапување и затоа клучно е да се продолжи со интензивна реализација на сите активности за европеизација на земјата и нејзиното приближување кон Европската Унија. 

24.10.2024 - 18:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега