Споделени се последните фотографии пред да загине: Шефот на Вагнер позира со обожавателите во Африка

 

Објавени се последните фотографии од шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, снимени само неколку дена пред да загине во авионска несреќа во регионот Твер во Русија.

Пригожин на фотографиите е опкружен со локалното население во Банги, главниот град на Централноафриканската Република – една од многуте африкански нации каде што е распоредена групата Вагнер.

Водачот на платеничката воена групација наместо вообичаената воена облека на, овие фотографии е обллечен во обична цивилна облека. Тој позира опкружен со локални жители кои изгледаа воодушевени од средбата со рускиот олигарх, позираат за фотографирање, се ракуваат со него и го прегрнуваат.

Набргу по средбата и поздравувањето со жителите на Банги, Пригожин отиде во Мали, каде што повторно ја носи својата воената униформа и ја стега пушката додека лирски зборува за напорите на неговата платеничка група Вагнер да го „направат целиот афрички континент посреќен“.

– Работиме… температурата е над 50 степени, баш како што ни се допаѓа… Вагнер ја прави Русија поголема на сите континенти, а Африка послободна – вели Пригожин во снимената изјава, пренесува „Дејли мејл“.

Неколку дена подоцна, тој загина во авионска несреќа што нашироко се смета за одмазда од Владимир Путин и Кремљ, откако Пригожин и контингент платеници од групата Вагнер започнаа краткотраен бунт против руското рускиот воен врв во јуни.

ДНК анализата наводно потврдила дека меѓу загинатите е и Пригожин.

Руската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека Пригожин и некои од неговите главни поручници се на списокот од седум патници и тројца членови на екипажот што загинаа во авионската несреќа.

Истражниот комитет не посочи што го предизвикало падот на деловниот авион на половина пат меѓу Москва и Санкт Петербург, родниот град на Пригожин.

Но, времето на несреќата ги подгреа сомнежите за можен напад организиран од Кремљ.

29.08.2023 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега